Базата ги опфаќа податоците за сите 378 тековни договори за концесии за детални геолошки истражувања и за експлoатација на минерални суровини. Концесиите се издадени за 73 видови на минерални суровини на површина од околу 390 километри квадратни.

Во групата на минерални суровини спаѓаат од јаглен, варовник, мермер преку минерална вода и термоминерална вода до песок, бакар и глина.

За користење на минералните суровини компаниите плаќаат по две основи. Првата е годишен надомест за издадени концесии кој за сите активни концесии изнесува вкупно 60 милиони денари, односно околу 1 милион евра на годишно ниво. Втората основа е дефинирана со Тарифникот за утврдување на висина на надоместоци и според него компаниите плаќаат за количините на експлоатираните суровини кои се поделени во пет категории (енергетски минерални суровини, металични минерални суровини, техногени минерални суровини, неметалични минерални суровини и вода) и за нив се плаќа по тон, процентуално од пазарната вредност или во апсолутен износ. Базата на податоци може да се пребарува преку два параметри (филтри): концесионер и суровина. Притоа, двата филтри можат да се вкрстуваат и да се види дали одредена компанија е имател на концесија за одредена суровина.



Филтри за пребарување


КонцесионерДатумСуровинаЛокалитетОпштинаПовршина во км²Годишен надомест (во ден.)
БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Скопје06/04/2016олово и цинкЗлетовоПробиштип и Кратово5.961,071,900
БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Скопје06/04/2016олово и цинкТораница, Сокол, Бачило и Средно БрдоКрива Паланка4.10737,937
Илинден Градба ДОО - Струга01/04/2016варовникБелицаСтруга0.088,413
Кнауф-Радика - Дебар01/04/2016гипсМелничаниДебар и Центар Жупа1.89189,182
Алго Неметали - Кр. Паланка01/04/2016шкрилци и кварцГолеми Орљак-Ѓердан ПлочиРанковце0.1313,094
12345678910...

Компании кои имаат повеќе концесии за минерални суровини

Од вкупно 285 концесионери на минерални суровини, 51 компанија е носител на повеќе од една концесија. На врвот од листата се градежното претпријатие Гранит и Цементарница Усје со по 9 концесии. Притоа ГП Гранит поседува шест концесии за варовник, две за дијабаз и една за базалт, додека пак, Цементарница Усје има по три концесии за варовник и лапорец и уште по една за песок, опалска бреча и кварцен песок. На третото место се наоѓа Јавното претпријатие за државни патишта кое поседува осум концесии од кои четири за песок и чакал, три за варовник и една за дијабаз. Во следниот визуелен приказ се дадени сите компании кои се носители на повеќе концесии.


Компании носители на повеќе концесии

(Вредност во денари)

Компании со најголемите концесиски површини

Најголемите концесиски површини во моментов ги има АД ЕЛЕМ за потребите на РЕК Битола и за РЕК Осломеј и тоа наоѓалиштата на јаглен во Суводол, Брод – Гнеотино и Осломеј. Вкупните површини изнесуваат 29,6 км2 и за нив Електрани на Македонија плаќа годишен надомест за издадена концесија од 7,1 милион денари, односно 115 илјади евра. На второ место според големината на површините добиени под концесија е Еуромакс Ресоурцес којшто е носител на две концесии за бакар и злато во вкупна површина од 18,8 километри квадратни на локалитетот Иловица. Еуромакс Ресоурцес за користење на овие концесии плаќа вкупен годишен надомест од 3,4 милиони денари, односно околу 55 илјади евра. Површини над 10 километри квадратни имаат уште и компаниите ГП Гранит и БУЛМАК 2016.



Гледано според видот на суровината најголем број на концесии се издадени за варовникот дури 99, на второ место е песокот и чакалот за кој се издадени 46 концесии, а на трето место е кварцот за кои има 22 концесионери. Генерално произлегува дека повеќе од една концесија за детални геолошки истражувања иза експлатација се издадени за 43 минерални суровини, додека пак, за 30 од нив се издадени по само една концесија.




Податоците за изработка на базата за концесии на минерални суровини се обезбедени од Министерството за економија преку барање за пристап до информации од јавен карактер.